Ѓоковиќ: Одам во Токио по златниот медал
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе се обиде на Олимписките игри во Токио да го освои златниот медал, а потоа да испише историја и да ја освои титулата на завршниот грен-слем турнир за оваа година Ју-Ес Опен во Њујорк
Српскиот тенисер во интервју за црногорските медиуми истакна дека во ниту еден момент не се двоумел околу настапот на Игрите во Токио.
– Чувството кога ја претставуваш својата земја на најголемата светска спортска манифестација е незаменливо. Олимписките игри се нешто посебно, изјави Ѓоковиќ.
– Мојата цел во Токио е да освојам медал, се надевам златниот. Не е тајна дека одам по златото и дури потоа ќе размислувам за грен-слем турнирот во Њујорк, додаде Ѓоковиќ.
Срспкито тенисер претходно овој месец триумфираше во Вимблдон и го израмни рекордот на Роџер Федерер и Рафаел Надал од 20 освоени грен-слем турнири во кариерата.
Ново на Сител
-
Последни подготовки за утрешните двојни избори
-
Како тече гласањето во затворот Идризово?
-
Во Прилеп зголемен интерес за гласање кај болните и изнемоштени лица
-
Три лица повредени во тешка сообраќајна несреќа во скопско Влае, едно од возилата преполовено
-
Преглед на вестите од светот
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ