Тенис
7. January 2023 - 19:51

Ѓоковиќ ќе игра финале во Аделаида

Победа на Новак Ѓоковиќ  против  Данил Медведев во второто полуфинале на тенискиот турнир во Аделаида  и прво финале во новата година..
Српскиот тенисер лесно правеше брејкови и доминираше со резултат  6:3 и 6:4 во двата одиграни сета и во финалето ќе игра против Американецот Корда кој за противник го имаше Нишиока кој се предаде поради повреда на почетокот на вториот сет. 
Финалето е најавено за во недела наутро од 8:30 часот.