Loading Video...
Свет
29. August 2022 - 12:17

Гибралтар денеска официјално доби статус на град

180 години откако беше прогласен за прекуморска територија на Обединетото Кралство, Гибралтар денеска официјално доби статус на град. Британската прекуморска територија аплицираше за статус на град, но кога истражувачите го разгледаа Националниот архив, открија дека тој веќе бил признат како град во далечната 1842 година. 

Потврдувањето на статусот на Гибралтар како град, британскиот премиер Борис Џонсон го опиша како огромен комплимент кој ја слави богатата историја и динамика на ова место.