Гевгелија го одбележа Денот на ослободувањето
Со положување цвеќе пред спомениците и обележјата на народните херои, паднатите борци и сите жртви на фашизмот, денеска во Гевгелија се одржа централната прослава по повод одбележувањето на општинскиот празник 7 Ноември – Денот на ослободувањето на Гевгелија.
Покрај општинската делегација што ја предводеше градоначалникот Сашо Поцков, цвеќе положија делегации на борците, пензионерите, политичките партии, здруженија на граѓани, делегации од збратимените општини Инџија, Пазин, Јабланица и Гвозд, како и претставник на руската амбасада во нашата земја.
По повод празникот, општинскиот Совет одржа свечена седница на која беа официјално соопштени имињата на добитниците на највисокото општинско признание,наградата ,,7 Ноември,, која се доделува јубилејно на секоја петта година.
Наградата за животно дело постхумно му е доделена на музичкиот педагог Александар Попов. За значајни постигнувања во изминативе пет години, наградата во вид на златни плакети им е доделена на музичките професори Љубица и Ѓорге Улишеви како и на граѓанското здружение „Тера“ за организација на манифестацијата „Смоквијада“ која стана општински заштитен бренд.
Сребрени плакети им се доделени на фолклорните ансамбли „Бојмија“ од Гевгелија и „Танец“ од Миравци, како и на театарската група „Дон Кихот“.
Изминатава недела под покровителство на општината беа одржани бројни културно уметнички манифестации во рамки на програмата за одбележување на Денот на ослободувањето на Гевгелија.
Ново на Сител
-
Определен притвор за четворица осомничени за пукањето во Тетово
-
Бела куќа: Трамп и Путин ќе имаат состанок в петок во Енкориџ
-
Свечена седница по повод 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор
-
Ангелов: Борбата со пожарот во ловиштето Јасен продолжува, успешно изгасната една линија, теренот останува критичен
-
Го живеам мојот сон, сакам да ме паметат по дела | Орце Ѓоргиевски | Неформално | Sitel Podcast 108
-
ЦУК: Активни пожари во Јасен, Свиларе, Радуша и уште четири локации
-
Студентската листа е 99 отсто завршена, во неа нема опозиција ниту влада, тврдат српските студенти во блокада
-
Израел тврди дека нема масовна глад во Газа