Германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот утре во „виртуелна посета“ на Скопје
Државниот министер за Европа на Сојузна Република Германија, Михаел Рот утре ќе има „виртуелна работна посета“ на Република Македонија и средба со министерот за надворешни работи Никола Димитров.
Како што соопшти МНР, работната посета првично беше планирана да се оствари на вообичаен начин, а во контекст на очекувањата и изгледите за добивање одлука за почеток на ЕУ пристапните преговори. Со оглед на глобалните состојби поврзани со пандемијата на COVID-19, предвидено e таа да се реализира на дигитален начин, односно со воспоставување видео-конференциска врска, што, како што се посочува, претставува уште еден знак на силната германска поддршка и пријателство.
Притоа, како што се посочува, во фокус на разговорот се очекува да бидат, покрај начините за справување со предизвиците наметнати од пандемијата, размена на информации за последниот статус на дискусиите и подготовката на заклучоците за процесот на проширување на ЕУ во пресрет на Советот на ЕУ за општи работи, засега предвиден за 24 март.
Прес-конференцијата е предвидено да започне во 10:30 часот, во холот на Министерството за надворешни работи. Се охрабруваат медиумите да дојдат без сниматели за да ги следат препораките за превенција и заштита од корона вирусот. Видео материјалот од настанот може да се преземе од стримот во живо на МНР (Линк за следење во живо македонски јазик). Доколку новинарите не се во можност да присуствуваат на прес-конференцијата, прашањата може да ги испратат на pr@mfa.gov.mk најдоцна до утре, 9:00 часот, наведуваат од МНР.
Ново на Сител
-
Амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 продолжува утре
-
Откриено оружје и војнички опрема во северно Косово, се претпоставува дека се поврзани со нападот во Бањска
-
Македонија и ЕУ потпишаа Договор за безбедносно и одбранбено партнерство
-
Три пријави во полиција за измами за пари
-
Велика Британија воведе санкции за руски официјални лица поради обвиненија за нелегална депортација на украински деца
-
Пешак загина во Штип откако во него удрило патничко возило
-
23-годишник со два ножа се шетал во Гази Баба
-
Николоски: Проектот “Купи куќа за млади” стартува од следната година