Германскиот берзански индекс DAX падна за 10 проценти
Водечкиот германски берзански индекс DAX, падна за околу 10 проценти на почетокот на тргувањето денеска, паѓајќи на 18.489 поени додека инвеститорите продолжуваат да реагираат на огромните глобални царини воведени од администрацијата на Трамп.
Новите царини од 10 отсто за целиот увоз во САД стапија во сила во саботата, со дополнителни давачки за голем број трговски партнери што треба да бидат воведени во среда, вклучително и царина од 20 отсто за увозот од Европската унија.
Германската економија, која е базирана на извоз, ќе биде особено тешко погодена од новите мерки, пренесе ДПА.
Глобалните пазари реагираа на огромните царини откако Трамп ги објави минатата среда, бидејќи инвеститорите се загрижени за економските ефекти и нестабилноста на мерките.
Во петокот, DAX – кој ги мери перформансите на 40 водечки германски компании на берзата во Франкфурт – го заврши денот со пад од 4,95 проценти на 20,642, по неколку месеци наизменично објавување рекордни добивки.
Ново на Сител
-
Зеленски и се заблагодари на ЕУ за 17. пакет санкции кон Русија
-
Јас пцујам ама не крадам | Пeтар Богојески | Неформално | Sitel Podcast 095
-
Подољак: Ништо не се промени по телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин
-
Администрацијата на Трамп планира да депортира 200.000 украински бегалци
-
Мицкоски најави нов договор со друга европска држава
-
Љутков: Разловечкото востание е темелот на нашата држава, историја што не смееме да ја заборавиме
-
Мицкоски: Трикови околу цените на храната нема да толерираме
-
Лимани: Над 700 вработувања на Албанци имаше кога бев заменик директор на електрани