-->
-->
Германски виролог: Мора да сметаме и на втор и на трет бран на Ковид-19
-->
Германскиот виролог Хендрик Штрек смета дека ќе има втор и трет бран на заразата со Ковид-19 и дека општеството мора да научи да живее со коронавирусот.
Во изјава за локална телевизија, Штрек рече дека не очекува брз развој на вакцина.
Во блиска иднина, тој не гледа продор во развојот на вакцина, и покрај фактот што огромен број на луѓе се вклучени во потрагата низ целиот свет.
Поради тоа, тој препорачува општеството да се адаптира и да научи да живее со вирусот.
– Мораме да се помириме со тоа и да сториме најдобро што можеме. Тоа конкретно значи дека ќе имаме постојани осцилации, што е и сега случај. Исто така, секогаш мора да сметаме на појава на жаришта, објасни еден од водечките германски виролози.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра