Свет
15. March 2017 - 17:18

Германски суд осуди милитанти за планирање напади врз бегалци

Судот во Минхен денеска казни со затворска казна од 3 до 5 години четири членови на крајно десничарска организација за формирање на „терористичко здружување“ со расистички и анти - семитистички цели, јавуваат локалните медиуми.
 
Како што пренесува дописникот на МИА од Берлин осудените меѓу кои има и една жена планирале напади врз странци конкретно на сместувалишта за бегалци. Сите се членови на организацијата „Општество од стар ков“ основано во 2014 година кое што вкупно имало околу 30 членови, се вели во изјавата на судот во Минхен.
Двајца од осудените откако во 2015 година се радикализирале илегално набавиле експлозив во Чешка  кој што го чувале во домот на еден од членовите на групата. Според одлуката на судот апсењето на четворицата во јуни 2015 година спречило терористички напади со човечки жртви.