-->
-->
Германската полиција уапси маж кој се заканувал дека ќе изврши криминални дејствија на божиќниот пазар во Бремерхавен
-->
Во германскиот град Бремерхавен, полицијата приведе маж кој во видео на ТикТок се заканувал дека ќе изврши криминални дејствија на локалниот божиќен пазар, јави ДПА.
Полицијата успеала брзо да го идентификува мажот откако добила дојава за видеото на социјалните мрежи. Детали за неговиот идентитет и плановите за напад не се објавени.
Информацијата дојде откако 50-годишен маж со својот автомобил влета во посетителите на божиќниот пазар во градот Магдебург во петокот навечер. Пет лица загинаа, а 200 се повредени.
Меѓу загинатите има и девет-годишно дете.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Успешно родени 33 жаби-младенчиња од загрозен вид во Лондон
-
Приведено лице од кочанско за предизвикување пожар
-
Турција ќе прифати 15 Палестинци ослободени од израелските затвори
-
Утре без вода Нерези и Тафталиџе
-
Трамп сака украински минерали во замена за континуирана помош
-
Јануари 2025 просечно топол месец и многу сув
-
Го фатиле како продава половина грам кокаин за 2500 денари, при претрес му пронашле уште 17 грама
-
Почувствуван земјотрес во Штип и околината