Германија загрижена поради кризата во Италија
Официјален Берлин е загрижен за владината криза во Италија откако италијанскиот премиер Матео Ренци најави оставка по неуспешниот референдум за уставни реформи, јавува дописникот на МИА од Берлин.
„Мислам дека Ренци направи вистински потег, но се работи за владина криза која што треба да биде надмината, тоа не е криза на државата туку е владина криза. Тоа не е позитивна порака за Европа во овие тешки времиња“, изјави денеска германскиот министе за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер.
Предлозите на Ренци за поголема моќ на централната власт беше отфрлена од речиси 60 отсто од италијанските гласачи. Италијанската владина криза може да влијае сериозно на ситуацијата во ЕУ која се соочува со големи долгови на земјите членки меѓу кои Италија е една од најзадолжените и опасноста од нов бегалски бран кој што делумно би минувал и преку апенинскиот полуостров.
Ново на Сител
-
Со 250 милиони евра годишно ќе се развиваат општините
-
Жителите на Оревоец судски и со блокади против ископ на материјал од страна на Бехтел и Енка
-
Велосипедистите бараат патека за поврзување на Охрид - Струга
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот со Панди Јани, претседател на партијата на слободата за Мала Преспа
-
Сител во Пустец: Како Бугарите станаа побројни од Македонците во Албанија
-
Јавните комунални претпријатија се превработени, но со несоодветен кадар
-
Сител во Пустец: Како Бугарите станаа побројни од Македонците во Албанија