Германија: Транспортот на гас со Северен тек 2 не загрозува никого
– Германскиот регулатор има рок до почетокот на јануари да го сертифицира гасоводот, но би можел и порано да ja донесе одлуката.
Транспортот на руски гас во Германија преку гасоводoт „Северен тек 2“ нема да го загрози снабдувањето на најголемите европски економии, ниту на Европската унија, соопшти германското Министерство за економија.
Иако гасоводот е подготвен за испорака на гас, сертификатот на Федералната агенција на германската (гасна) мрежа се уште недостига, а анализата на Министерството е клучен услов за ова регулаторно тело да продолжи со процесот на сертификација.„Во својата анализа, Сојузното Министерство за економија заклучи дека издавањето на сертификатот не ја загрозува безбедноста на снабдувањето со гас на Германија и на Европската унија“, се вели во соопштението на Министерството.
Исто така, се предлага Министерството да ја достави својата анализа до регулаторното тело по разговорите со соседните земји на ЕУ, додавајќи дека можност за учество во консултациите добиле Италија, Австрија, Полска, Чешка, Унгарија, Естонија, Летонија и Литванија.
Германскиот регулатор има рок до почетокот на јануари да го сертифицира гасоводот, но би можел и порано да ја донесе одлуката.
Откако регулаторното тело ќе ја даде својата препорака, документот се испраќа до Европската комисија, која има рок од два месеца да се произнесе.
Ново на Сител
-
Активни шест пожари, вкупно 14 на отворен простор
-
Пронајдена е исчезнатата Билјана од Прилеп
-
Пронајден починат 55-годишен скопјанец во водите на Охридското Езеро
-
Редици пред првата „Лабубу“ продавница во Германија
-
Скопско со нова кампања: Вкусот што нѐ опушта и прави да сме свои
-
На „Табановце“ за влез и излез од државата се чека 20 минути
-
Во Газа досега загинаа 232 новинари
-
Отстранети пешкири, лежалки и чадори поставени без дозвола на плажите во Полихроно и Калитеа