Германија со нов рекорд заразени од коронавирус, повеќе од 50.000 за еден ден
Германија има рекорден број нови инфекции со коронавирус, 50.196 нови случаи за 24 часа, што е знак за силата на овој бран на епидемија што ја погоди земјата, соопшти Институтот „Роберт Кох”.
„Пандемијата повторно се шири на спектакуларен начин”, рече нејзиниот портпарол, повикувајќи ги регионалните власти, кои се задолжени за здравствените прашања, повторно да воведат мерки за да ја стават ситуацијата под контрола.
Како што пренесуваат германските медиуми, зголемувањето на бројот на заболени се припишува првенствено на релативно нискиот опфат со вакцинација кај германското население, кој изнесува околу 67 проценти.
Од понеделник, Берлин ќе им забрани на невакцинираните лица да пристапуваат во ресторани без тераси, барови, спортски сали и фризерски салони. На овие јавни места не може да се влезе со приложување негативен тест, доколку лицето не е вакцинирано или не може да докаже дека прележало.
Вкупно 4,9 милиони луѓе се заразени во Германија од почетокот на пандемијата.
Ново на Сител
-
Австрискиот европратеник Томас Вајц нов известувач на ЕП за Северна Македонија
-
Главниот државен обвинител на Украина поднесе оставка по голем скандал во армијата
-
Најмалку 31 загинат при напад на суданската армија врз џамија
-
По апсењето на Мета, средба на Ненси Ван Хорн и министерот Хоџа
-
Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен в четврток во Скопје
-
Битолчанец пронашол 10 рачни бомби при чистење на стан
-
Турски државјанин пронајден мртов во Скопје
-
MВР: Пронајдена метална кутија со 151 куршум