Германија против ново отпишување на грчкиот долг
Грција не треба да очекува намалување на својот долг, туку треба да ги заврши своите обврски онака како што е договорено лани, порача германскиот министер за финасии Вофганг Шојбле интервју за телевизијата АРД, во врска со информациите дека Атина бара отпишување на долгот за да може да ја плати наредната транша која доспева во мај.
За Грција која последниве недели преговара со претставници на Европската комисија, Европската централна банка и ММФ, најдобра варијанта е меѓународните кредитори да ги олеснат услововите дадени на земјата со цел да добие финансиска помош и да се спаси од банкрот.
Најголемиот спор меѓу двете страни се води околу пласманот на лоши кредити, намалувањето на пензиите и реформите во даночниот систем, прашања за кои Атина бара повеќе време за спроведување или намалување на обемот на штедење.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, германскиот министер е оптимист за наоѓање решение, но не и за можноста тоа да содржи простување на долгот.
Ќе најдеме решение наредниве недели, но тоа нема да биде поврзано со намалување на долгот, туку со фактот дека Грција мора да стори повеќе за да се врати во конкурентна економија, изјави Шојбле, откако грчките медиуми објавија информација дека се водат преговори за ново отпишување на дел од грчкиот долг меѓу владата во Атина и ММФ, што беше веднаш демантирано од финансиската институција.
Грчката страна барањата на ММФ за кратење на платите во јавниот сектор, намалување на рестрикциите за отпуштања и кратење на пензиите ги споредува со барањето „за скокање од петиот кат со ветување дека затоа некој ќе ви купи сладолед“.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево