Германија годинава на граница вратила над 7.000 бегалци
Во првите два месеци од 2016 година германските власти на границата со Автстрија одбиле да примат околу 7.300 баратели. Најголем дел од нив се луѓе кои што немале соодветни документи, не аплицирале за азил или се бегалци кои што тврделе дека патуваат во друга земја преку Германија, јави дописникот на МИА од Берлин.
Во јануари бројката на одбиени луѓе е околу 5.000, а најголем дел од нив се од Авганистан, Мароко, Иран, Сирија и Ирак. Во првите две недели од февруари вратени се над 2.300 луѓе.
Според германските власти сите граѓани на трети земји кои што не ги исполнуваат критериумите за влез во Шенген зоната можат да бидат вратени согласно членот 13 од Договорот за шенгенските граници и параграфот 15 од Германскиот закон за престој. Покрај другите услови за влез патниците во Германија мораат да носат со себе и соодветна сума на финансиски средства.
Ново на Сител
-
Велешката болница доби два нови апарата, за ортопедски и за уролошки интервенции
-
Приведено лице - соизвршител на кривично дело „убиство во обид“
-
Приведен кавадарчанец, со возило се движел по улицата каде се одржувал „Кавадаречки полумаратон“
-
Општина Аеродром казни угостителски објект со 6.000 евра за бучава поголема од дозволеното
-
Од утре попладне дожд, во сабота 28 степени
-
Тешка сообраќајка на влезот во Битола, две жртви и едно тешко повредено лице
-
Приведени дрвокрадци во неготинско, следува пријава
-
Додик не дојде на сослушувањето во Обвинителството на БиХ