Германците ќе добијат законско право на брз интернет
Германските граѓани ќе стекнат законско право на брз интернет, што е дел од коалицискиот договор меѓу конзервативците на канцеларката Ангела Меркел и Социјалдемократската партија (СПД).
Во интервју за германскиот весник „Билд“, шефот на кабинет на германската канцеларка Хелге Браун истакна дека новата „голема коалиција“ со закон ќе им гарантира на луѓето право на брз интернет.
- Брзиот интернет е важен колку и снабдувањето со гас, вода и струја, и затоа тоа прашање е меѓу врвните приоритети на канцеларката, изјави Браун.
Според него, федералната Влада и индустријата ќе обезбедат најмалку 100 милијарди евра, со цел до 2025 година сите региони во земјата да имаат пристап до брз интернет.
Германија се наоѓа на 28. место меѓу 32 држави на листата на Организацијата за економска соработка и развој, на која земјите се рангирани според пристапот до брз интернет.
Ново на Сител
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Подигнати 42 кубни метри отпад од диви депонии во Аеродром, Чаир, Кисела Вода и Карпош
-
Почина неврохирургот проф.д-р Владимир Мирчевски
-
Герасимовски: Бесплатна градинка за деца Роми од ранливи семејства
-
Со камион удрил во заштитната ограда, скопјанец загина на автопатот Демир Капија - Гевгелија
-
Од 15 ноември задолжително поседување зимска опрема
-
Околу 350 деца Роми ќе бидат згрижени бесплатно во јавните градинки во 21 општина
-
Приведен вработен во ЈП Национални шуми - Добивал по 200 евра месечно за дозволи за сеча на дрва