Георгиевски: Градиме нови градинки во Ќерамидница, Трубарево, Инџиково и Синѓелиќ
Знам дека ги препознавате нашите досегашни постигнувања. Дека правите разлика каде беше и каде е сега општина Гази Баба. Вие знаете дека мојот збор е збор. За тоа говорат многуте сработени капитални проекти.
Го нудиме најдоброто. Градиме нови 4 градинки во Ќерамидница, Трубарево, Инџиково и Синѓелиќ. Ова е нашиот втор клучен приоритет за кој даваме збор.
Проектите се подготвени и започнуваме со работа. Со изградбата на овие четири градинки се отвораат нови 420 места. Конечно листите за чекање за упис на деца стануваат минато. Решаваме уште еден децениски проблем на граѓаните.
Реализираните досегашни проекти се гарант дека овој приоритет можеме да го оствариме.
Ја изградивме „Пеперутка“, новата детска градинка во Стајковци, згрижувајќи 140 нови дечиња. Го проширивме капацитетот на градинките Морковче во Јурумлери и Калинка во Железара. За четири години отворивме нови 300 места во градинките.
Ги реновиравме сите 11 детски градинки со замена на прозорите, кровот, подовите и санитариите. Изградивме нова централна кујна за градинката „Детска Радост“ со капацитет за подготовка на повеќе од 1000 оброци.
Докажавме дека можеме поинаку.
ЗАШТО СМЕ ПОСВЕТЕНИ!
ЗАШТО СМЕ НАЈДОБРОТО ЗА ГАЗИ БАБА!
Приклучи се на тимот кој го носи Најдоброто за Гази Баба!
Борис Георгиевски, кандидат за градоначалник на општина Гази Баба
Ново на Сител
-
Зеленски предвреме ја напушти Белата куќа, откажана и прес-конференцијата
-
Зеленски четири пати им се заблагодари на Трамп и на САД
-
Макрон по прекинатиот разговор Трамп-Зеленски: Има агресор, а тоа е Русија
-
Белата куќа: Договорот за минерали меѓу САД и Украина не е потпишан
-
Трамп до Зеленски: Ризикувате да започнете Трета светска војна
-
Тошковски: Затворот Скопје функционирал повеќе како туристичко-угостителско правно лице, отколку како затвор
-
Трамп го прогласува англискиот за службен јазик во САД
-
Физички нападнат 23-годишник од Илинден пред ноќен клуб