-->
-->
Во Србија регистрирани 111 новозаразени и тројца починати
-->
Во изминатите 24 часа во Србија од тестирани 637 лица потврдени се уште 111 нови случаи на заразени со коронавирусот, со што вкупниот број на заразени се искачи на 1171 лице, соопштено е на сајтот Ковид19.рс на Министерството за здравство.
Лекарката Дарија Кисиќ за РТС изјави дека денес се регистрирани уште три нови починати, со што вкупниот број на починати се искачи на 31 лице.
До денес во националната референтна лаболотирија на Инстиутот Торлак, тестирани се вкупно 5008 лица кои ги исполнувале критериумите на дефиниција на случајот.
Денешната редовна владина прес конференција во 15 часот е одложена, а за во 18 часот по седницата на кризните штабови најавено е обраќање на јавноста на претседателот Александар Вучиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија и ЕУ потпишаа Договор за безбедносно и одбранбено партнерство
-
Три пријави во полиција за измами за пари
-
Велика Британија воведе санкции за руски официјални лица поради обвиненија за нелегална депортација на украински деца
-
Пешак загина во Штип откако во него удрило патничко возило
-
23-годишник со два ножа се шетал во Гази Баба
-
Николоски: Проектот “Купи куќа за млади” стартува од следната година
-
АТП ги објави тенисерите со најголема заработка во 2024 година
-
Клоп би можел да го замени Симеоне во Атлетико