Генерален штрајк во Грција
Синдикатите на вработените во јавниот и приватниот сектор во Грција, од утрово започнаа 24-часовен генерален штрајк, што ќе ја парализира земјата, а ќе создаде проблеми во бродскиот и железничкиот сообраќај во Грција, во јавниот превоз во Атина, но и во информирањето на граѓаните, јави дописничката на МИА од Атина.
Причината за штрајкот е новиот закон за работни односи, за кој синдикатите сметаат дека, меѓу другото, го укинува осумчасовното работно време.
Бродовите се закотвени на пристаништата, возовите на железничките станици, а во Атина функционираат само автобусите и тоа само 12 часа, додека пак метрото, трамвајот и тролејбусите не возат.
Во штрајкот учествуваат и вработените во државните болници, во брзата помош, професорите и наставниците, како и државните службеници, но и вработените во медиумите, во приватните и државните, со што Грција денеска е без информативни емисии и без вести.
Во рамките на 24-часовниот штрајк закажани се протести во Атина и други грчки градови, а на протест повикаа и од опозициската СИРИЗА.
Синдикатот на вработените во јавниот сектор (АДЕДИ) и Синдикатот на вработените во приватниот сектор (ГСЕЕ) закажаа протест во 11 часот во центарот на Атина, а Синдикатот ПАМЕ на Комунистичката партија ќе одржи посебен собир еден час порано.
Ново на Сител
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип