Балкан
31. October 2016 - 10:41

Генерален штрајк на неопределено време на медицинарите во Романија

Во романските болници денеска почнува генерален штрајк на неопределоно време, со барања за повисоки плати и подобри услови за работа.

Федерацијата на здравствени работници Санитас, која го огранизира протестот, соопшти дека во штрајкот ќе учествуваат над 82 илјади лекари и здравствени работници во целата земја. 

- На работните места остануваат една третина од персоналот, изјави заменик-претседателот на Федерацијта, Мариус Сели. 

Санитас ги претставува интересите за околу сто илјади здравствени работници во Романија. Преговорите со Владата до моментов не дадоа резултати.