Македонија
18. August 2024 - 8:58

Генерал - мајор Сашко Лафчиски ќе ја преземе должноста началник на генералштабот на Армијата

 На Централната свеченост по повод 18 Август - Денот на Армијата, денеска во Охрид ќе се изврши церемонија на примопредавање на должност началник на генералштабот на Армијата од досегашниот началник на ГШ, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски на новопоставениот началник на ГШ, генерал - мајор Сашко Лафчиски.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во петокот (16 август) во пресрет на Денот на Армијата, потпиша укази за унапредување на бригадниот генерал Сашко Лафчиски во чин генерал-мајор и за негово поставување за началник на Генералштабот на Армијата.

-Со укази на претседателката Сиљановска Давкова, поради истек на мандат, е разрешен досегашниот началник на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и е поставен за советник на началникот на Генералштабот на Армијата за борбена готовност и операции, соопшти Кабинетот на претседателката.