Гебрејесус: Вакцина против коронавирусот за сите, како јавно добро
До економско закрепнување во светот би можело да дојде многу побрзо доколку која било вакцина против Ковид-19 е достапна за сите, како јавно добро, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус говорејќи на видео-панел со членовите на Форумот за безбедност во Аспен, САД.
Директорот на СЗО посочи дека отворениот пристап за сите жители на планетата до вакцината и сите други средства против короната, всушност ќе му помогнат на светот побрзо да закрепне од последиците на пандемијата.
– Економското закрепнување би било побрзо, а штетата од коронавирусот би била помала. Да се однесува на национално ниво кога станува збор за вакцината не е добро и нема да му помогне на никој, истакна Гребрејесус.
Коментирајќи ја најавената руска вакцина, директорот на Вонредни состојби во СЗО, Мишел Рајан, рече дека секоја вакцина мора да помине низ испитувања за да биде целосно сигурна и безбедна, и апелираше до сите што ќе успеат да развијат вакцина, нејзината ефикасност да ја прикажат на традиционален клинички начин.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден