ГДОМ и 20.000 граѓани за избори, СДСМ и 2-3000 граѓани против избори
Помасовно и побројно од вчерашниот протес, околу 20.000 граѓани попладнево се приклучија на протестот организиран од Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) против аболицијата на опозицискиот лидер Зоран Заев и екс- разузнавачот Зоран Верушевски.
ГДОМ го започна протестот на кој го изразува своето незадоволство од одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да се аболицираат претседателот на СДСМ Зоран Заев и првообвинетиот во случајот „Пуч“, Зоран Верушевски, кои, според нив, со прислушувањето ја загрозиле безбедноста на државата.
Граѓаните се противат Заев и Верушевски, за кои велат дека ја уништиле Македонија, работат за туѓ интерес и промена на името, нема да дозволат да бидат неказнети за злоделата и мрачните сценарија кои ги спроведуваат во татковината.
Тие, според најавите, по собирот пред зградата на Црвениот крст во 19 часот, ќе се упатат пред седиштето на СДСМ каде мирниот протест треба да заврши. Насобраните граѓани кои пружаат поддршкана ГДОМ, скандираат „сакаме избори“, додека на протестите на Сорос и СДСМ се слушаат извици кон полицијата „Убијци, убијци“.
Вчера протестот се одвиваше под паролата „Од судот се спасивте, од народот нема“.
Ново на Сител
-
Собранието ги одложува сите активности планирани за неделава
-
Бектеши сѐ уште во полициска станица
-
Тошковски: Пиротехниката во дискотеката „Пулс“ ја донел бендот „ДНК“
-
Извршена обдукција на 15-ина лица, 45 во критична состојба
-
Градоначалиникот на Кочани Љупчо Папазов поднесе оставка
-
Специјални екипи на МЗ ќе информираат за состојбата на пациентите од пожарот кои се на лекување во странство
-
Во Бугарија утре Ден на жалост во знак на солидарност со Северна Македонија
-
Cтанков: Интензивно работиме на обдукција на загинатите во пожарот во Кочани