Уште двајца спортисти жртви во пожарот во Кочани
Страшниот пожар што избувна во дискотеката во Кочани, го одзеде животот на повеќе од еден спортист. Покрај фудбалерот Андреј Лазаров, животот го загубиja и голманот Дамјан Танески (18) и кошаркарот Петар Ивановски (20).
Танески беше дел од младинската фудбалска репрезентација, а кариерата ја започна во штипски Мал Ајакс. Играше за младинските екипи на Вардар од Скопје, а подоцна беше член на Брегалница и на Кит Го од Пехчево. Тажната вест за неговата смрт ги потресе сите негови колеги и спортски пријатели, кои го опишаа како талентиран и посветен спортист.
Од друга страна, смртта на Ивановски ја потврди и неговиот матичен клуб Дино Баскет, кој во емотивна порака ја изрази својата тага поради загубата на нивниот талентиран играч.
– Со голема тага ја примивме веста дека меѓу жртвите во синоќешната трагедија е и нашиот соиграч Петар Ивановски. Петар беше многу почитуван меѓу пријателите и соиграчите, а како МВП на турнирот до 14 години остави длабока трага во кошаркарскиот свет. Беше прекрасна личност, борец со големо срце – напишаа од Дино Баскет.
Ново на Сител
-
Заеднички час на платото на УКИМ, студенти и професори оддадоа почит на жртвите
-
Министерот за здравство Таравари ќе ги посети пациентите во Солун и Софија
-
Пленковиќ: Четворица повредени од Северна Македонија за два дена ќе бидат префрлени во Хрватска
-
МЗ: Отворена телефонска линија за психолошка поддршка на пациентите 078 378 754
-
„Лажат дека пиротехниката ја донел бендот“ - се огласи сопругата на Андреј од „ДНК“
-
Муцунски: Во странство испратени 51 пациент, ќе заминат уште дваесетина повредени од пожарот во Кочани
-
Најавен протест во Кочани во 13 часот
-
Сочувство од Вселенскиот Патријарх за трагедијата во Кочани