„Газпром“: Русија испорачала една третина од потребите за гас во Европа во 2016 година
Русија во текот на 2016 година покрила приближно една третина од потребите на гас во Европа, што е досега незабележано ниво достигнато и покрај тензиите со ЕУ, денеска информира „Газпром“, цитиран од француските медиуми.
„Постепено се зголемува делот на испорачан гас од „Газпром“ во Европа, и тој годинава достигна речиси една третина од европските потреби“, напиша рускиот енергетски гигант во последното издание на своето списание „Блу фјуел“.
Раководството на компанијата својот пазарен удел во Европа во текот на 2015 година го процени на 31 процент, што уште тогаш беше рекорд.
Со месеци наназад „Газпром“ ги истакнува своите добри резултати како доказ дека ЕУ не може без рускиот гас, и покрај тоа што Брисел и некои земји членки во последните години се противат на проектите за нови руски гасоводи.
Европската комисија ја сомничи руската државна компанија за злоупотреби со доминантната позиција и за поскапо продавање на гасот на осум држави членки од Источна Европа, забележуваат француските медиуми.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата