Македонија
9. August 2016 - 18:44

Гази Баба апелира помалку да се користат возила во поплавените подрачја

Граѓаните од настраданите места во општина Гази Баба што помалку да ги користат возилата на патните правци Ченто – Сингелиќ – Стајковци и Ченто – Економија, бидејќи се отежнува движењето на механизацијата која треба да стигне до местата каде што треба да интервенира, апелираат од општина Гази Баба.

Како алтернативен пат, информираат од општината, да се користи обиколката на градот Скопје.