„Газета експрес“: Повеќе значајни личности од Косово деновиве ќе бидат повикани во Хаг
Косовскиот портал на албански јазик „Газета експрес“ објави денеска дека во наредните две недели се очекуваат значајни сослушувања во Специјалниот суд за Косово во Хаг, каде што ќе бидат повикани лица кои се директно поврзани со челниците на државните институции, јави дописникот на МИА од Приштина.
Неименуван извор изјави за порталот дека станува збор за истакнати поранешни припадници на Ослободителната војска на Косово (ОВК), кои се познаници и пријатели на највисоките државни раководители.
– Најновата ситуација околу трибуналот, со последните покани, ја подигна температурата кај политичарите. На некои од високите државни фигури веќе им е јасно за природата на злосторствата за кои се поведени истраги и знаат дека можат да бидат покренати обвиненија против нив, вели изворот на порталот, додавајќи дека имињата на повиканите од Трибуналот ќе бидат објавени во наредните десетина дена.
– Постапката се држи во тајност, а истражителите на Меѓународниот суд вршат интервјуирања и во Косово, тврди друг неименуван извор.
Првите обвиненија за злосторства на поранешни припадници на ОВК врз цивили Албанци и Срби во Косово по војната во 1999 година, според „Газета експрес“, ќе бидат подигнати во текот на оваа година.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден