Ганиу: Од сопственикот на кафулето во ТЦ „Мавровка“ бев информиран дека го враќа во првобитната состојба
Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу истакна дека тој не дал никаква дозвола за градење на кафулето што беше урнато во ТЦ „Мавровка“ и оти сопственикот веќе имал дозвола пред да биде опфатен од пожарот. Тој посочи дека од сопственикот бил информиран дека објектот сака да го врати во првобитната состојба.
– Не сум дал дозвола за градење на изгореното кафуле во ТЦ „Мавровка“. Кафулето имаше дозвола пред да да биде опфатено од пожарот. Законот е дециден, во момент кога ќе има елементарни непогоди: поплави или пожар, сопственикот може да го врати во првобитна состојба и без да земе дозвола од општината, бидејќи претходно имал дозвола и може да го врати во првобитна состојба. Но, во моментот кога почна сопственикот да гради, ние бевме информирани дека го враќа во првобитна состојба. Кога видовме дека излегува од таа превидена површина што му беше со документи и плус на градбата од челична конструкција одеше се со бетон, тогаш Општина Чаир интервенираше, рече Ганиу.
Работните дејствија, посочи, се прекинати, бидејќи има еден дел каде излегува од подлогата на објектот што постоеше на таа квадратура.
– Не можевме со механизацијата што тогаш рушеше да го рушиме, бидејќи од големите вибрации ќе ги уништивме излозите на сите дуќани во приземјето и на првиот спрат и тогаш бевме принудени да го прекинеме тоа. Сопственикот тогаш ни даде збор дека со специјални машини што можат да исечат, да не се оди со вибрации, туку со специјални машини што може да се исече тој дел што е бетон да се тргне и тој ќе може да продолжи да го врати објектот во првобитна состојба. Од сопственикот имаме информации дека во нашата земја само една фирма од Гостивар тоа го прави и откако ќе биде отстранет тој дел ќе го врати во првобитната состојба, потенцира Ганиу.
Тој потенцира дека објектот немал доволно столбови и тоа го констатирале и архитекти.
– Во случај на поголем земјотрес, истиот ако биде со истите столбови ќе падне од внатре и може да настрадаат луѓето внатре. Сега бараме повеќе столбови, со цел при некаква елеметрана непогода да не настрада некој внатре, рече Ганиу.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости