Loading Video...
Свет
10. November 2023 - 12:21

Ганц: Израел е подготвен да се бори од двете страни на ривалската граница

Израел е подготвен да се бори од двете страни на ривалската граница за да ги брани своите граѓани, истакна израелскиот министер Ганц при неговата посета на пограничниот град Шломи. Тој рече дека Хезболах поддржана од Иран и Либан би можела да сноси тешки последици.

- Сега и во иднина нема да дозволиме Хезболах да ги компромитира нашите заедници. Ако нивниот лидер Хасан Насралах погреши, Хезболах и државата Либан ќе ги сносат последиците. Ќе се погрижиме жителите на северот да се вратат во своите домови побезбедни, кажа Ганц. 

Синоќа израелската војска нападна цели и во Сирија како одговор на нападот со дрон врз училиште во најјужниот израелски град, Елиат. Израелците информираа дека било гранатирано седиштето на организацијата која го извршила нападот. По ваквите случувања, но и копнената интервенција во Газа, шефот на иранската дипломатија Хосеин Амир во разговорот со неговиот катарски колега Мохамед ал Тани истакнал дека ќе има приоширување на конфликтот.

- Поради зголемувањето на интензитетот на војната против цивилното население во Газа проширувањето на опсегот на војната стана неизбежно, изјави Амир. 

Воениот конфликт на Блискиот Исток трае повеќе од еден месец откако на седми октомври Хамас изврши напад врз Израел убивајќи 1400 лица и заробувајќи 240 заложници. Во акцијата за сузбивање на Хамас што ја презеде израелската војска досега во Газа се убиени над 10.800 Палестинци.