Г7 се договори да ја ограничи цената на руската нафта
Групата земји Г7 и Австралија се согласија да одредат фиксна цена за руската нафта подоцна овој месец, наместо да усвојат променлива стапка, изјавија извори за Ројтерс доцна во четвртокот.
Претставници на САД и Г7 водеа интензивни разговори во последните недели за невиден план за ограничување на цената на нафтата што се испорачува по море. Планот треба да стапи на сила на 5 декември, за да се осигура дека санкциите на ЕУ и САД, кои имаат за цел да ја ограничат способноста на Русија да ја финансира својата инвазија на Украина, нема да го задушат глобалниот пазар на нафта.
Коалицијата на земји се согласи дека горната цена ќе биде фиксна цена која редовно ќе се разгледува, изјави извор од Г7. Точната цена сè уште не е одредена, но треба да биде одредена во наредните недели, велат повеќе извори.
Цената на суровата нафта утрово на берзата во Лондон скокна за 2 долари и во моментов се продава за повеќе од 96.5 долари за барел. Од полноќ имаме и нови малопродажни цени на горивата, односно, 98 октманскиот бензин е поскап за 2 денари и еден литар во моментов чини 94.5 денари. Цената на дизелот и 95 октанскиот бензин не се промени па тие се продаваат за 99 денари дизелот и 90,5 денари бензинот.
Ново на Сител
-
Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација
-
Онлајн работа за младите со европски плати | Јанг стори со Мими | Sitel Podcast 034
-
Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена
-
Рама в недела ќе одржи собир во Атина
-
Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евровизија
-
Турција ја одложи забраната за трговија со Израел
-
Гостиварчанец измамен за 1.500 евра - сторителот е приведен
-
Скопјанка прскала со вода по луѓе кои правеле врева - ја нападнале со лименки