Фрлени 185 тони сол на градските улици и булевари
Екипите на зимската служба на Град Скопје изминатото деноноќие фрлија 185 тони сол на градските улици и булевари поради ледениот дожд и за спречување на појавата на голомразица.
Како што информира денеска Град Скопје, екипите на зимската служба интервенираа на критичните точки, односно на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони кон Водно, Пржино, Железара, како и на сите други таканаречени „црни точки“ во градот.
Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите.
- Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти, се вели во соопштението од Град Скопје.
Во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.
Ново на Сител
-
Волстрит џурнал: Трамп размислува за прекласификација на марихуаната во помалку опасна категорија дрога
-
Зеленски рече дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите
-
Во Нагасаки беше одбележана 80-годишнината од американскиот атомски напад
-
Претседателот на Собранието се очекува да ги распише локалните избори
-
Трамп и Путин ќе се сретнат во Алјаска на 15 август за да преговараат за крај на војната во Украина
-
Сончево и многу топло
-
МПЦ-ОА го празнува споменот на Свети Климент Охридски и Свети Пантелејмон
-
Вучиќ изјави дека ќе бидат распишани вонредни избори, но не прецизираше датум