Свет
11. October 2016 - 15:59

Франсоа Оланд: Повеќе од кога ни е потребен Советот на Европа

Франција е заедно со Советот на Европа и јас сум сигурен дека Советот на Европа е заедно со Франција за сите чекори кои се корисни за мирот, слободата и демократијата, изјави денеска претседателот на француската Република Франсоа Оланд во говорот пред Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Ова е прва посета на еден француски претседател во Советот на Европа, после таа на Жак Ширак во 1997 година, надвор од самитот на ЕУ по таа на Франсоа Митеран во 1992 година.

Во говорот пред парламентарците од 47-те земји членки на Советот на Европа, Франсоа Оланд, говореше и одговараше на парламентарците по прашањата за борбата против тероризмот, Украина, Турција, Сирија и за заострените односи со Русија

Оланд во говорот ја изрази својата посветеност кон организацијата „затоа што таа го унапредува владеењето на правото, затоа што таа овозможи да бидеме будни за обврските што сме го презеле. Повеќе од кога и да е ни треба Советот на Европа“, 

- Во 2019 година, Советот на Европа ја слави својата 70-годишнина, истакна тој. - Франција ќе претседава со Комитетот на министрите и таа е подготвена да организира самит, четврти по ред, за да му се даде нова насока, рече францускиот претседател.

Осврнувајќи се на тероризмот, претседателот на Француската Република, рече дека овој феномен „ ја стави демократијата на тест. Нашиот начин на живот, нашата слобода, нашите принципи се цел на фанатици". И во борбата против тероризмот, додаде тој, "безбедноста е во согласност со владеењето на правото. Нашиот закон ни овозможува да преземеме ефективна акција. "

Тоа што терористите бараат, рече Оланд, е да се поделиме, да се разделиме, да не доведат до исклучителни мерки кои би се користеле во тоа време, за да не обвинат за непочитување на нашите принципи за слобода. Слободата е целта на терористите.

Што се однесува до доаѓањето на бегалците и мигрантите на континентот, Франсоа Оланд изјави дека „Европа задоцни во изнаоѓањето на заеднички одговор. Овој одговор бара ефективна контрола на надворешните граници на Европа. Ова е услов за достојно да се прифатат бегалците, да се вратат мигрантите кои не се опфатени од овие права и да можат да се наметнат правила и да ги спроведеме истите“.

Францускиот претседател, притоа додаде дека „вредностите на Советот на Европа беа инспирација за француската дипломатија".

Осврнувајќи се на барањето за дипломатско решение за Украина во рамките на договорите од Минск, Оланд истакна дека „мора да се постигне напредок за политичките и безбедносните услови кои ќе дозволат одржување на изборите што е можно поскоро на истокот од Украина".

Со Русија, рече тој, „Франција има големи несогласувања околу Сирија. И руското вето на францускиот резолуција на Советот за безбедност спречи прекин на бомбардирањето и прогласување на примирјето".

- Потребен е дијалог со Русија, но тој треба да биде цврст и искрен. Без тоа нема место за дијалог, оцени Оланд.