Француските земјоделци се упатија кон Париз со трактори
Земјоделците во Франција денеска се приближуваат до Париз и градскиот пазар на големо Ренжис со намера да го блокираат, како што најавија минатата недела, и покрај обидите на властите да ги исполнат нивните барања и да ги убедат земјоделците да се откажат од понатамошни протести.
Земјоделците ширум Франција се упатија кон Париз со трактори, јави БФМТВ.
Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дерманен предупреди дека нема да им дозволат да го блокираат пазарот на големо и да го парализираат Париз и околината.
Околу 10.000 демонстранти продолжуваат да одржуваат повеќе од 100 блокади во Франција.
Францускиот премиер Габриел Атал ниту за време на вчерашниот говор во Националното собрание не успеа да ги убеди земјоделците кои речиси 15 дена протестираат да се откажат од блокадите. Министерот за економија Бруно Ле Мер вети дека Франција ќе се заложи да обезбеди, за време на преговорите во Брисел, договорот на Европската унија со земјите од Меркосур (Бразил, Аргентина, Уругвај, Парагвај) да не биде потпишан додека не се направат промени.
Француските земјоделци особено протестираат против договорот за слободна трговија со кој се дозволува увоз на евтини земјоделски производи од Јужна Америка, што тие ги сметаат за нелојална конкуренција.
Ново на Сител
-
Владината делегација, предводена од Мицкоски учествува на Самитот на НАТО во Вашингтон
-
Во Скопје вчера казнети 127 возачи, 13 немале возачка дозвола
-
Загина човек од удар од воз
-
САД информираат за втор воен заем за Полска во вредност од две милијарди долари
-
Бела куќа: Се уште има разлики во позициите на Израел и Хамас за договорот за прекин на огнот
-
Во Украина прогласен ден на жалост
-
По околу половина час се чека за влез во државава на ГП Табановце и за излез на ГП Богородица
-
Сончево со температура до 39 степени