Францускиот суд му го продолжи притворот на основачот на Телеграм, Павел Дуров
Францускиот суд му го продолжи притворот на основачот на Телеграм, Павел Дуров, кој во саботата беше уапсен на аеродромот во Париз поради наводни прекршувања поврзани со апликацијата Телеграм.
Истражниот судија кој го води случајот му го продолжи притворот на Дуров (39), а тој може да трае најмногу 96 часа, изјави извор близок до истрагата, а пренесува Гардијан. Кога ќе заврши таа фаза на притвор, судијата може да одлучи да го ослободи Дуров или да поднесе тужба и да одреди натамошен притвор.
Дуров беше приведен во саботата вечер на аеродромот Бурже во Париз, веднаш по излегувањето од приватниот авион со кој долетал од Азербејџан. Како што беше претходно објавено, тој беше уапсен по налог поврзан со прекршувања од популарната апликација за пораки.
Истрагата, наводно, е за недостиг на уредување на содржината, а според локалните медиуми, француското правосудство смета дека Дуров е вклучен во бројни кривични дела и може да се соочи со обвиненија за тероризам, трговија со дрога, измама и перење пари.
Компанијата Телеграм синоќа соопшти дека нејзиниот основач и извршен директор Павел Дуров, „нема што да крие“.
– Апликацијата Телеграм е во согласност со европските закони, вклучително и Регулативата за дигитални услуги, нејзиното модерирање е индустриски стандард, соопшти компанијата со седиште во Дубаи.
– Дуров нема што да крие и често патува во Европа. Апсурдно е да се каже дека социјалната платформа или нејзиниот основач е одговорен за какви било злоупотреби, додаде Телеграм.
Руската амбасада во Париз побара од француските власти да ги објаснат причините за приведувањето на Дуров, наведувајќи дека тие досега одбивале да соработуваат по ова прашање, пренесоа руските медиуми.
Дуров ја напушти Русија во 2014 година, откако одби да ги исполни барањата на Кремљ да го угасне опозициските групи на социјалната мрежа ВК што ја основаше кога имаше 22 години.
Тој ја напушти ВК по спор со сопствениците и се фокусираше на Телеграм, апликација што ја основа со неговиот брат Николај во 2013 година.
Апликацијата Телеграм денес има 950 милиони активни корисници и стана главен извор на информации за војната во Украина, наведува Гардијан.
Ново на Сител
-
Под дејство на дрога 46 годишен скопјанец со голема брзина прегазил жена и избегал
-
Мицкоски му честиташе победа на Трамп
-
Ахмети упати честитки до Трамп за победата на изборите за претседател во САД
-
Први политички реакции по победата на Трамп на изборите во САД
-
Во Берово најстудено со - 5, Охрид, Виница и Гевгелија измерени 4 степени
-
Трамп: Испишавме историја
-
САД/Избори: На Трамп му требаат уште четири електорски гласови за да победи на претседателските избори
-
Вучиќ: Полицијата покажа воздржаност во Нови Сад, секој насилник ќе биде уапсен