Француски орден за проф. д-р Даниела Миладинова
Француската амбасадорка во Македонија Лоренс Оер синоќа ја одликуваше проф. д-р Даниела Миладинова, продекан на Медицинскиот факултет во Скопје, со орден „Витез од редот на Академските палми“.
Ова одликување од Владата на Република Франција се доделува на еминентни личности како признание за постигнатите резултати во областа на високото образование.
- Професор д-р Миладинова е докажан авторитет на Универзитетот „Св Кирил и Методиј" со исклучителна професионална кариера во областа на нуклеарната медицина. Таа е голем франкофон, а нејзината посветеност и резултатите од реализација на проекти во рамки на француско-македонската билатерална соработка се високовреднувани, рече амбасадорката Оер.
Заблагодарувајќи се на високото признание, д-р Миладинова истакна дека се определила за нуклеарна медицина поради големите француски откритија во областа на радиоактивноста и дека искрено се надева оти бројните франкофони, нивните следбеници и пријатели ќе придонесат Франција да остане голем поддржувач на македонската наука, култура, уметност, како и на земјата во целина.
Ова одликување е востановено во 1808 година од Наполеон први.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден