-->
-->
Франција со НБА ѕвездите на олимписките квалификации во Милано
-->
Носителот на бронзениот медал од последното Европско кошаркарско првенство Франција со најсилен состав во кој ќе има пет НБА ѕвезди ќе настапи во квалификациите за ОИ во Рио.
Винсент Коле селекторот на Франција го објави списокот на кошаркари кои ќе играа на квалификацискиот турнир за Олимпијадата кој ќе се одржи во Милано.
На поширокиот список од 17-мина играчи се кошаркарите на Сан Антонио, Тони Паркер и Борис Диао, Николас Батум од Шарлот, центрите Алексис Ажанса од Њу Орлеанс и Жефри Ловерн од Денвер, како и најкорисниот играч (МВП) во Евролигата, Нандо Де Коло кој со московска ЦСКА стана шампион во елитното европско натпреварување.
На листата се Коле се и: Томас Ертел (Ефес), Антоан Дио (Валенсија), Нандо Де Коло (ЦСКА Москва), Фабијан Козер (Лаборал), Родриг Бобуа (Стразбур), Чарлс Кахуди (Асвел), Јаков Оутара (Монако), Флориен Пјетрус (Нанси), Адриен Моерман (Банвит), Микел Жалабал (Ле Ман) и Ким Тилие (Лаборал), Мохамед Аите (Нантер).
Франција за противници во миланската Б група, покрај домаќинот Италија ќе ги има и селекциите на Нов Зеланд и Филипини.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
„Не може некој со плата од 2.000 евра да кажува дека 400 евра е доволно“ – првомајски протест во Скопје
-
Кој колку троши по кафеани и се грижи за работниците – на Први мај власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања
-
0д 1-ви мај лани, до 1-во мај годинава, статус кво на работничките права
-
Традиционален првомајски пикник
-
Македонците масовно патуваат за 1 мај - најмасовна Богородица
-
Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши до средината на јуни
-
ДУИ и ВРЕДИ со реакции по одлуката на Уставен за Медресата во Кондово