Спорт плус
8. August 2024 - 8:28

Франција противник на Полска во финалето на машкиот одбојкарски турнир на Олимпијадата

На Олимписките игри во Париз, одредени се двојката финалисти на машкиот одбојкарски турнир.

Во решавачкиот натпревар ќе се сретнат селекциите на Франција и Полска. Финалето ќе се одржи во сабота на 10 август од 13 часот.

Ден пред финалето во натпреварот за третото место ќе играат селекциите на Италија и САД. Средбата ќе започне во 16 часот.

Францускиот тим е актуелен победник на олимпискиот турнир. На минатата Олимпијадата одржана во Токио, Французите во финалето ја победија Русија.