Фудбал
12. December 2022 - 11:31

Франција: Приведени 170 луѓе за време на прославата на победата на Мундијалот 

Во Франција, во текот на викендот, се приведени 170 лица за време на прославата на победата на мароканската и француската репрезентација на Светското фудбалско првенство во Катар, објави весникот Паризијен.

Инцидентите избувнаа во саботата доцна навечер откако Мароко и Франција влегоа во полуфиналето на Светското првенство, додава весникот, наведувајќи дека во Париз се приведени 100 лица.

Париската полициска префектура соопшти дека околу 20.000 луѓе биле на авенијата Шанзелизе по победите на Мароко и Франција. Од 100-те приведени во Париз, 80 се приведени поради предизвикување немири, меѓу кои 23 малолетници.

Париската полиција соопшти дека при судирите со демонстрантите полесно се повредени 19 полицајци.

Во други градови во Франција се приведени 70 лица.

Франција в среда во полуфиналето ќе игра против Мароко, а тие две репрезентации викендов во четвртфиналето ги совладаа Англија и Португалија.