Фото конкурс за ефектите на климатските промени
Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Француската амбасада во Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање заеднички распишаа фото конкурс на социјалната мрежа Фејсбук со цел да се подигне свеста за ефектите кои ги имаат климатските промени.
#ДелувајСега! е отворен повик за сите македонски граѓани, кои ќе можат да ги искористат своите фотографски вештини за да ги фотографираат ефектите на климатските промени.
Кандидатите ќе имаат можност да учествуваат во десет категории-климатските промени и водата, климатските промени и здравјето, климатските промени и туризмот, климатските промени и транспортот, климатските промени и културното наследство, климатските промени и шумите, климатските промени и земјоделството, климатските промени и природните катастрофи, климатските промени и биодиверзитет и климатските промени и обновливи извори на енергија.
Заинтересираните можат да фотографираат со било која камера и да ги пратат своите фотографии на фан страната #ДелувајСега на Фејсбук до 15 ноември 2015 година.
Наградите ќе бидат доделени на две најдобри фотографии за секоја од десетте категории. Наградите вклучуваат велосипеди и фото камери.
Победниците ќе бидат селектирани врз база на лајкови на Фејсбук (50 отсто) и врз база на гласови на интернационално жири (50 отсто).
Ново на Сител
-
ССМ на првомајски протест
-
Традиционален првомајски пикник
-
Oхрид за првомајските празници исполнет со гости
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе бараат ли партиите разрешување на првата антикорупционерка?
-
Тема на денот со Александар Пандов, директор на управа за извршување санкции
-
Нема оставка од антикорупционерката
-
Пандов се сомнева дека криминални банди му ја запалиле куќата