Македонија
14. January 2019 - 22:37

ФОТО: Џафери потпиша- Законот за јазиците е објавен во „Службен весник“

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на својот официјален профил на Фејсбук објави дека Законот за употреба на јазиците, или во јавноста познат како Закон за албански јазик, е објавен во „Службен весник“. Ова значи дека законот и официјално стапува на сила.
 
Карактеристично е тоа што од донесувањето до објавувањето во „Службен весник“ на Законот за јазиците помина точно една година. Законот за јазиците беше донесен на 11 јануари 2018 година или на истиот ден кога во Собранието, но година дена подоцна, беа изгласани уставните измени.
 
Џафери изминатиов период неколку пати изјавуваше дека Законот за употреба на јазиците ќе излезе во „Службен весник“ едновремено со уставните амандмани.