Форум на граѓански здруженија од Западен Балкан во Тирана
Во албанскиот главен град Тирана, од 26 до 28 април, ќе се одржи Форум на граѓански организации од Западен Балкан.
На Форумот ќе учествуваат најмалку 100 претставници на граѓански организации од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово и домаќинот Албанија, како и претставници на европски институции, парламенти на земјите од Западен Балкан, како и италијанското Министертвото за надворешни работи.
Средбата се одржува во пресрет на Самиот за Западен Балкан, кој се планира да се одржи во јули во Трст.
- На Форумот ќе стане збор за тоа како граѓанскиот сектор придонесува во изградбата на европската агенда и европската политика, соработката на младите, а ќе бидат формулирани препораки за Самитот во Трст, кои се однесуваат на иднината на Берлинскиот процес, соработката на младите, владеењето на правото и антикорупцијата, иновациите, билатералните односи, јавуваат албанските медиуми.
Целта на собирот во Тирана е да се предложат конструктивни и изводливи политики кои поддржуваат реформски процеси во земјите на Западен Балкан на нивниот пат кон ЕУ.
Ново на Сител
-
Пет интерпелации на денешната собраниска седница
-
ДУИ за видеото на Ахмети во униформа на УЧК - Тоа е неговата биографија
-
Тошковски за видеото на Ахмети - Неуспешен обид за дефокусирање од криминалите
-
ВМРО - ДПМНЕ: СДС го создаде Груби и му дозволи да ја краде државата
-
Нови празници - Нови трошоци за граѓаните
-
Лекарите апелираат - Внимателно со исхраната за време на празниците
-
Преглед на вестите од светот
-
Утре седница за интерпелации: Власта тврди се ќе заврши брзо