Формирана Комисијата за селекција на кандидати за претседател и за членови на ДКСК
Членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница ја формираа Комисијата за селекција на кандидати за претседател и за членови на Државната комисија за спречување на корупцијата, составена од седум членови.
Претседателката на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Марија Георгиевски информира дека Собранието на Северна Македонија на седницата одржана на 2 ноември годинава ја донело одлуката за објавување јавен оглас за избор на претседател и членови на ДКСК објавена во Службен весник од 7 ноември годинава.
-Согласно членот 12 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието формира Комисија за селекција на кандидати за претседател и за членови на Државната комисија за спречување на корупцијата. Комисијата за селекција е составена од седум членови, од кои што еден член е номиниран од Народниот правобранител, претставник на здружението, односно фондацијата назначен за член во Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор за областа демократија и владеење на правото, претставникот на здружението, односно фондацијата назначен за член во Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор за областа на медиумите и информатичкото општество, двајца пратеници од власта и двајца пратеници од опозицијата, рече таа.
Членови на Комисијата за селекција на кандидати за претседател и членови на ДКСК се избраа Јован Андоновски, заменик народен правобранител номиниран од Народниот правобранител, Снежана Камилоска Трпкоска претставник на Македонски центар за меѓународна соработка Скопје, член на Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор од областа на демократијата и владеењето на правото, Никола Додов претставник на Здружението за поттикнување и промоција на информатиката Асоцијација на студенти информатичари Скопје, член на Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор за областа медиуми и информатичко општество и пратениците од власта Фаница Николовска и Берат Ајдари и од опозицијата Ели Панова и Кастриот Реџепи.
Според законот, Комисијата за селекција ја формира листата на кандидати и по пет дена започнуваат интервјуата. На интервјуата присуствуваат претставници на повеќе институции, како и невладини организации и можат да поставуваат прашања на идните антикорупционери, а се ова се пренесува на Собранискиот канал.
Актуелниот тим во ДКСК кој го предводи претседателката Билјана Ивановска, а во кој се Владимир Георгиев, Софка Пејовска Дојчиновска, Катица Николовска, Нури Бајрами, Горан Трпеноски и Шемши Салаи треба да е избран на 8 февруари 2019 година.
Мандатот на досегашните членови на Комисијата Билјана Ивановска, Владимир Георгиев, Софка Пејовска Дојчиновска, Катица Николовска, Нури Бајрами, Горан Трпеноски и Шемси Салаи ќе истече на 7 февруари 2024 година, а согласно законот немаат право на повторен избор, ниту на продолжување на мандатот до изборот на нова Комисија, за реизбор или продолжување на нивниот мандат до изборот на новата комисија. Новата комисија треба да почне да функционира од следниот ден, односно на 8 февруари 2024 година.
За претседател на ДКСК може да се избере лице кое е државјанин на Северна Македонија и кое живее во земјата, да е деловно способна личност, да има високо образование од областа на правните науки или од областа на политичките, комуниколошките или економските науки. Покрај високото образование, се бара и најмалку десетгодишно работно искуство по завршувањето на образованието. Притоа осум години од работното искуство да биде во областите на откривање или спречување на корупцијата, владеење на правото или доброто управување.
Кандидатите за членови треба да имаат шест години во областите поврзани со откривање корупција. И претседателот и членовите на ДКСК не треба да биле членови на Собрание, ниту во Влада, ниту пак донатори или функционери во политичка партија.
Ново на Сител
-
Уставен ќе добие мислење од Венецијанска за Закон за јазици - Одлуката најдоцна до мај
-
Бизнисот го чека унгарскиот кредит, банките условите
-
Со правосилни пресуди до ефикасна борба со криминалот и корупцијата
-
Шест месеци нова Влада
-
Заврши стручниот надзор на Детска за починатото седуммесечно бебе – Таравари не сака да избрзува со заклучоци
-
Дали електричните возила ќе ги натераат скопјани да ги продадат сопствените автомобили?
-
Кочанчани на протест заради депонирање на отпад од соседните општини
-
Центри за ментално здравје