Живот
13. January 2025 - 11:14

Фондацијата на Бијонсе донира 2,5 милиони долари за погодените од пожарите во Лос Анџелес

Американската поп-ѕвезда Бијонсе донираше 2,5 милиони долари за помош на погодените од пожарите во Лос Анџелес, преку нејзината фондација „Бијгуд“ (Beygood).

- Лос Анџелес, стоиме со вас“, објави кусо фондацијата на Инстаграм доцна синоќа.

Парите се наменети за поддршка на семејствата во населбите Алтадена и Пасадена кои ги загубија своите домови. Помош ќе добијат и црквите и прифатилиштата што им пружаат засолниште и поддршка на погодените лица во тоа подрачје.

Во пожарите во Лос Анџелес досега се потврдени најмалку 24 загинати луѓе, како и огромно распространето уништување изминатата недела. За следните денови, метеоролозите предупредуваат дека очекуваните силни ветрови би можеле дополнително да го разгорат пламенот.