Фон дер Лајен: ЕУ ќе ги штити своите работници, бизниси и потрошувачи од американските царини на возилата
Европската Унија ќе продолжи да бара решенија преку преговори, водејќи сметка за своите економски интереси, порача претседателката на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во писмена изјава по повод најавата на Вашингтон за воведување царини за увозот на возила во САД.
- Како голема трговска сила и силна заедница од 27 земји членки, заеднички ќе ги заштитиме нашите работници, бизниси и потрошувачи во нашата Европска унија, нагласи Фон дер Лајен, изразувајќи „длабоко жалење“ поради одлуката на САД „да воведат царини за европскиот извоз на автомобили“.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, потсетувајќи на нејзините претходно оценки дека „царините се даноци“ и дека тие се штетни за бизнисите и за потрошувачите, подеднакво и во САД и во ЕУ, Фон дер Лајен најави дека Унијата ќе ја процени оваа најава, заедно со другите мерки што ги предвидува Вашингтон во наредните денови.
- Автомобилската индустрија е двигател на иновации, конкурентност и висококвалитетни работни места, преку длабоко интегрирани синџири на снабдување од двете страни на Атлантикот, додава Фон дер Лајен во изјавата.
Американскиот претседател Доналд Трамп најави воведување царини од 25 отсто за увозот на автомобили и лесни камиони во САД, кои би требало да стапат во сила на 3 април.
Ново на Сител
-
Курти поднесе оставка
-
Извештај на Омбудсманот за човековите права: Најмногу поплаки од проблемот со пасошите
-
ЦУК алармира за две отворени шахти во општина Аеродром
-
Издавала регистарски таблици без наплата - Кривична за референт од Куманово
-
Три бронзени бисти украдени од гробиштата „Бутел“
-
Во Турција уапсени 234 лица во меѓународна операција против организираниот криминал
-
Запознајте ја Зора, млада здрава женка балкански рис тешка 15,5 кг. | ВИДЕО
-
Сопружници измамени за 824.000 денари - очекувале да добијат стан