Фон дер Лајен: ЕУ го активира Механизмот за цивилна заштита за помош на поплавените во БиХ
Нашите срца и мисли се со луѓето во Босна и Херцеговина погодени од разорните поплави, наведе претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во објава на Икс во врска со поплавите во БиХ.
– Го активиравме нашиот Механизам за цивилна заштита на ЕУ и испраќаме спасувачки тимови на терен. Ова е солидарноста на ЕУ на дело, додаде Фон дер Лајен во објавата.
Претходно и шефот на Делегацијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина, Луиџи Сореца, исто така на Икс, објави дека БиХ го активирала Механизмот за цивилна заштита на ЕУ и спасувачки тимови ќе пристигнат на терен во поплавените подрачја.
– ЕУ стои до БиХ! На местото на настанот пристигнуваат екипи за реакција. Босна и Херцеговина е полноправна членка на Механизмот од септември 2022 година.
Тимовите на Босна и Херцеговина учествуваа во спасувачките напори во Словенија и Турција. Солидарност на дело, наведе Сореца во објавата.
Ново на Сител
-
Нема оставка од антикорупционерката
-
Пандов се сомнева дека криминални банди му ја запалиле куќата
-
Вреди станува партија, Касами се споменува за лидер
-
Судиите бараат промена на состојбата во правосудството преку реформи , а не со оставки
-
Зоран Димитриевски, Татјана Дуковска и Маја Маркова избрани за врховни судии
-
Замрзнатите цени и маржи со половичен ефект, смета ССМ
-
ССМ утре на протест за повисоки плати, КСС ќе остане дома
-
Почна процесот на вработување на специјализанти