„Фолксваген“ најави инвестиција од 2,5 милијарди евра во Кина
Германската автомобилска групација „Фолксваген“ најави дека ќе вложи 2,5 милијарди евра во проширување на производствениот погон во градот Хефеј, источна Кина.
- Центарот во Хефеј ќе ѝ помогне на компанијата да ги донесе своите технологии на кинескиот пазар за 30 отсто побрзо и да произведува целосно електрични возила. „Фолксваген“ се подготвува да произведе во Кина две возила што ги развива во соработка со кинескиот партнер „Експенг“, а тоа производството треба да почне во 2026 година, изјави членот на управниот одбор на „Фолксваген“ за Кина, Ралф Брандштатер.
На крајот од 2022 година, „Фолксваген“ ја загуби „титулата“ најпродаван бренд автомобили во Кина, којашто ѝ припадна на домашната компанија за производство на електрични возила, „БИД“. Германскиот гигант најави серија нови електрични модели во своето кинеско портфолио за да го врати изгубениот удел на најголемиот автомобилски пазар во светот.
Ново на Сител
-
Пратенички прашања во Собранието, Трајко Славески ја превзема функцијата Гувернер на НБРМ
-
Мицкоски: Нема да мрднам ниту милиметар додека не видам македонци во бугарскиот Комитет за малцинства
-
Повредените пациенти стравуваат дека ќе останат без д-р Кате, надлежните со итна реакција
-
Андоновски и Перински во работна посета на Естонија
-
Оперативниот план за Владата е визија за подобар живот на 16.000 граѓани, а за СДСМ параван за партиски вработувања
-
Преглед на вестите од светот
-
Во судницата во затворот Идризово стартува судењето за „Адитив“
-
Пратенички прашања во Собранието, Трајко Славески ја превзема функцијата гувернер на НБРМ