Фолклористи од Европа во посета на Музејот „Теракота“ во Виница
Членови на фолклорните ансамбли од Португалија, Укарина, Турција, Романија, Хрвтска, Црна Гора и Бугарија, учесници на годинешното 32-ро издание на мегународниот фолклорен фестивал „Истибањско здравоживо“ денеска го посетија Музејот „Теракота“ во Виница. Посетата се реализира и во рамките на одбележувањето на Европските денови на културното наследство.
- При посетата на Музејот „Теракота“ гостите од повеќе земји од Европа ги разгледаа витрините и изложените експонати пронајдени за време на децениските иструвања на археолошките локалитети во виничкиот крај, особено на Виничкото Кале. Посебен интерес пројавија за уникатните винички теракотни икони кои по својата уметничка и археолошка вредност се познати во целиот свет,изјави Јулијана Иванова, директор на Музејот „Теракота“ од Виница.
Во рамките на Европските денови на културното наследство Музејот го посетија и ученици од виничките основни и средни училишта кои присуствуваа на предавањето на тема „Водоснабдувањето на Виничкото Кале во Античкиот период“,а се интерсираа и за последните наоди на Калето.
Учесниците на МФФ „Истибањско здравоживо“ го посетија и Виничкото Кале каде што се запознаа со остатаоците на археолошкиот локалитет на кој беа пронајдени и познатите тератотни икони.
Ново на Сител
-
Нови меѓусебни реакции на релација Софија - Скопје
-
Путин поддржува примирје
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-
50 години клиника за нефрологија – годишно на дијализа завршуваат околу 300 нови пациенти
-
5-ти смртен случај со грип оваа сезона
-
Доживотен затвор за убиецот кај Мавровка
-
Обвинителството поднесе жалба за куќниот притвор за Асмир Јахоски
-
Мицкоски: 5% од судиите и обвинителите се последниот штит на криминалите на владата СДС-ДУИ