Флорида: Тинејџер ја застрелал сестра си по расправија за божикни подароци
Петнаесетгодишно момче од Флорида е обвинето дека пукало во својот 14-годишен брат, откако тој тинејџер смртно ја застрелал нивната 23-годишна сестра додека таа седела надвор со своето бебе на Бадник, јавија американски медиуми.
Полицијата соопшти дека браќата претходно се степале за време на семејно шопинг патување за тоа – кој што ќе добие за Божиќ и како ќе бидат распределени парите предвидени за подароци, јави Си-Би-Ес Њуз.
Кога мајката ги однела сите во куќата на нивната баба во Ларго (во близина на Тампа, Флорида) продолжила расправијата.
Откако влегле внатре, 14-годишното момче наводно извадил полуавтоматски пиштол, го вперил во својот брат и му рекол дека ќе му пука во глава.
Постариот тинејџер рекол дека не сака да се кара и му рекол на својот брат да излезе од куќата.
Еден од нивните вујковци ги разделил тинејџерите и го извел 14-годишното момче надвор, каде била постарата сестра со своето бебе.
Четиринаесетгодишното момче упатил неколку погрдни зборови на својата сестра Абриел Болдвин и и кажал дека ќе пука во неа и нејзиното бебе.
Тој наводно ја застрелал во градите околу 13 часот и 45 минути по локално време. Нејзиното бебе е неповредено.
Наводно, 15-годишникот потоа излегол од куќата на бабата со полуавтоматски пиштол и го застрелал својот помлад брат во стомакот.
Потоа побегнал од домот, фрлајќи го пиштолот во блискиот двор, а подоцна бил приведен во домот на член на семејството.
Помладиот брат, кој може да биде обвинет како возрасен за убиство од прв степен, е во стабилна состојба во болница во областа Тампа по операцијата.
15-годишникот е обвинет за обид за убиство од прв степен. Болдвин била пренесена во болница, каде била констатирана смрт.
Куршумот поминал низ нејзината лева рака и во градите, уништувајќи ѝ ги двете белодробни крила. Таа претрпела внатрешно крварење и не можела да дише.
На ранетото 14-годишно момче му е извршена операција и сега е во стабилна состојба во болница.
Тој е обвинет за убиство од прв степен, злоупотреба на деца и за поседување огнено оружје, соопшти полицијата.
Државното обвинителство на Пинелас-Паско ќе го разгледа случајот и ќе одлучи дали тинејџерот ќе биде обвинет како возрасен.
Неговиот брат е обвинет за обид за убиство од прв степен и за манипулација со материјални докази. Двајцата тинејџери имаат претходно досие за апсење поради кражби на автомобили.
Ново на Сител
-
Бројот на жртви од урнатиот покрив на ноќен клуб во Санто Доминго се искачи на 225
-
Де Бруин се уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата по Манчестер Сити
-
Трамп ги иззема телефоните и компјутерите од високите царини за Кина
-
Истрагата за „Пулс“ се проширува со нови 19 лица, осомничени се за „тешки дела против општата сигурност“
-
Почина Проф. Др. Александар Ношпал
-
Додик во Белград и покрај потерницата, ќе учествува на митинг за поддршка на Вучиќ
-
ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да избегне одговорност со евтини обиди за етничка манипулација
-
Љутков од Гевгелија: Градот на културата за 2025 година