Македонија
13. February 2019 - 17:24

Физички нападнат 59-годишник на автопатот Скопје – Велес

Во Секторот за внатрешни работи – Велес ноќеска половина час по полноќ било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес, кај комплекс параклиси на „Св.Јован Ветерски“, две лица извршиле разбојништво над А.Б. 59-годишен  од Велес.
 
Како што појаснуваат од СВР Велес,  сторителите физички го нападнале, при што му одзеле мобилен телефон. 
 
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.