Физичка пресметка и закана со пиштол во Бутел
Непознати лица вчера вечер со закана со пиштол се обиделе да ги нападнат М.Ж. (22) и неговиот другар Н.А. (25) на улицата „Бутелска“ во Скопје, пред кафе-бар.
Како што соопшти МВР, настанот се случил во 23 часот додека М.Ж. се движел со своето возило во кое бил и Н.А. (25). Од левата страна тие биле заобиколени од возило од кое излегле три непознати лица, а паралелно до возилото на М.Ж и зад него, застанале уште две возила од кои излегле уште неколку лица. Три лицата кои излегле од возилото што им го попречило патот, се доближиле до М.Ж. и Н.А. и почнале да им се обраќаат со погрдни зборови. Во еден момент, едно од лицата извадило пиштол и успеало да го извлече Н.А. од блокираното возило надвор по што и физички го нападнал.
Во меѓувреме дошло уште едно возило кое застанало и од него излегло друго повозрасно лице кое се упатило кон напаѓачот со пиштол во рацете и го натерал заедно со другите лица да го напуштат местото на настанот.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ