Македонија
25. January 2016 - 12:44

Финансиска поддршка за оштетените фамилии во пожарот во Прилеп

Градоначалникот Марјан Ристески веднаш по пожарот во саботата вечерта излезе на терен, ги посети станарите и повредените лица во Градската болница, а денеска  ги посети станарите од зградата на улица „Бидимаж“, во населбата Бончејца, по саботниот пожар, кој настанал во нивната зграда од експлозија на плинска боца.

Градоначалникот ја разгледа состојбата и разговараше со станарите за финансиска помош за санација на оштетените станови, при што комисијата  за утврдување на штети при елементарни непогоди и несреќи, ќе излези на терен и ќе ја процени материјалната штетата.

ЈКП „Комуналец“ ќе направи расчистување на изгорениот материјал и ќе помогне во бојадисување на ѕидовите од ходниците.